Претседатели на земји од Централна Европа ќе разговараат за патната инфраструктура

Од:

Во Прага денеска почнува дводневниот самит на претседатели на Вишеградската група (В4) (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија) и Словенија и Австрија.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, главна тема ќе биде развојот на транспортната инфраструктура во Централна Европа и изготвување заедничка стратегија за преговори со Европската Унија за изградба на нови логистички мрежи по 2020 година.

– Транспортот има најголем економски мултипликаторен ефект и тема на состанокот ќе биде сообраќајната мрежа, транспортната логистика и тоа во железничкиот, воздушниот, патниот сообраќај, но исто така и автопатишта, нафтоводи, гасоводи. Едноставно, испорака од суровини преку луѓе до информации, изјави Хинек Кмоничек од Кабинетот на претседателот на Чешка, Милош Земан.

Тој, информираше дека Земан, со своите колеги од Словачка, Унгарија, Полска, Словенија и Австрија, ќе разговара за проектот на каналот Дунав-Одра-Елба.

Финалниот документ од Самитот ќе ја рефлектира визијата на претседателите за транспортната инфраструктура во Централна Европа по 2020 година.

Би можело да ве интересира

Средба на Пендаровски со амбасадорите на земјите од Вишеградската група

Премиерите од Вишеградската четворка ќе расправаат за војната во Украина

Ана Ололовска

Вишеградската група изрази солидарност со Чешка за протерувањето руски дипломати

Ана Ололовска

Пендаровски се сретна со амбасадорите на земјите од Вишеградската група

Вишеградска група: Белорусија да отвори пат за нови избори

Ана Ололовска

Меркел и В4: Границите треба да се отворат што поскоро, но внимателно

Ана Ололовска