Престана да работи последната болница во северниот дел на Појасот Газа

Од:

Болницата „Ал-Авда“, последната функционална здравствена установа во северна Газа, престана со работа, соопшти денес Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО соопшти дека болницата „Ал-Авда“ ги прекинала операциите во четврток и дека пациентите и здравствените работници биле евакуирани таа вечер од безбедносни причини, објави „Скај њуз“.

Организацијата соопшти дека затворањето на болницата „прекинува витален животен појас за жителите“ на северниот дел од Појасот Газа и повика на заштита на болницата и безбедноста на нејзиниот персонал и пациенти.

Би можело да ве интересира

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети

Холандија се откажува од Евровизија

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

Кушнер и Нетанјаху четири часа разговараа за Газа, САД сакаат да го тестираат Хамас