Преминот Рафах, единствениот излез од Газа под контрола на Египет

Од:

Се очекува Египет наскоро да го отвори граничниот премин Рафах во јужна Газа на неколку часа за странски државјани и жители на Газа кои имаат двојно државјанство.

Ова ќе значи бегство од војната за ограничен број Палестинци. Но, повеќето од 2,3 милиони жители на Газа ќе останат заробени во енклавата разурната од војна.

Рафа е единствениот граничен премин од Газа кон остатокот од светот кој не е директно под контрола на Израел. Тој е контролиран од Египет како дел од договорот со Израел и Европската унија.

Сепак, тоа никогаш не беше нормален, целосно отворен граничен премин. Со текот на годините беше затворен со денови, недели и месеци. Кога ќе се отвори, често е наизменично и може наеднаш повторно да се затвори.

Жителите на Газа никогаш не знаат кога ќе се отвори, па затоа е невозможно нешто да планираат, пишува Sky News.

Ако сте заглавени надвор од Газа кога Рафах се затвора, нема шанси да се вратите повторно. Дури и под најдобри услови, транзицијата е несигурна и нестабилна, благо кажано – хаотична, додава британскиот дописник од Газа.

Египет цврсто го контролира преминот Рафах, а Палестинците го обвинуваат за соучество во опсадата на Газа бидејќи одбива да ја држи границата трајно отворена 24 часа на ден.

Нема поттик за Египет сега да го отвори овој премин и да дозволи стотици илјади жители на Газа да избегаат од војната.

Кога би го отворил, жителите на Газа би станале проблем на Египет, а тоа е последното нешто што Каиро го сака, заклучува дописникот на Скај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Хамас го одби предлогот за заложниците, сака да ја искористи ситуацијата со Иран тврди Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас го одби примирјето, Израел објави кога ќе нападне на последното засолниште на Палестинците

Катерина Ѓуровски