Премиерот на Шпанија го обвини Илон Маск дека ја поткопува европската демократија

Од:

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска го критикуваше американскиот милијардер Илон Маск за мешање во европската политика, обвинувајќи го за поткопување на демократијата.

„Меѓународната екстремна десница на која се спротивставуваме со години во Шпанија, предводена во овој случај од најбогатиот човек на планетата, отворено ги напаѓа нашите институции, поттикнува омраза и отворено ги поддржува наследниците на нацизмот во Германија“, рече Санчез на настан по повод 50-годишнината од смртта на диктаторот Франциско Франк.

Маск во неделата на платформата „Икс“ коментираше за неодамнешните случаи на силување на северот на Шпанија, велејќи дека тие најчесто се извршени од странски државјани, пренесува Ројтерс.

Тој претходно на платформата „Х“ изјави дека британскиот премиер Кир Стармер бил соучесник во групните силувања во Британија бидејќи не успеал да ги гони бандите силувачи додека бил на чело на јавното обвинителство „во замена за гласови“.

Маск објави серија пораки на платформата X во кои го обвини Стармер дека не ги гони бандите кои силувале млади девојки, а исто така повика на апсење на заменик-министерот за насилство врз жените на ОК, Џес Филипс.

Сопственикот на „Тесла“ минатиот месец ја поддржа германската екстремно десничарска Алтернатива за Германија (AfD) пред парламентарните избори во земјата закажани за 23 февруари.

Би можело да ве интересира

Изгубија 209 милијарди долари за два месеци – кој помина најлошо?

А1он

Социјалната мрежа „Х“ е неволја, Илон Маск откри дека платформата е цел на сериозен сајбер напад

А1он

ВИДЕО: Експлодираше Starship на Маск, предизвика хаос со летовите на неколку аеродроми

Маск и Трамп отпуштаат 80.000 вработени во министерството за ветерани

Маск: Треба да му се понуди амнестија на Зеленски

Маск: САД треба да ги напуштат НАТО и ОН