Португалскиот премиер Педру Пасуш Коељо изјави вчера дека пронашол начин за спас на Владата по оставката на двајца клучни министри, јави ДПА.
– Пронајдена е формула за зачувување на стабилноста на Владата, изјави тој по средбата со претседателот Анибал Каваку Силва. Коељо во изминатите 24 часа се сретна три пати со Паулу Порташ, кој е лидер на најмалиот партнер во владејачката коалиција, Народната партија, со цел да биде надмината најсериозната политичка криза, откако Португалија го доби спасувачкиот заем во 2011 година.
Повлекувањето оваа недела на министерот за финансии Виктор Гашпар и за надворешни работи Паулу Порташ претставува закана Владата да го загуби мнозинството во Парламентот, во момент кога Португалија го преживува најтешкиот економскиот пад од ’70-те години на минатиот век.
Премиерот изјави дека одлуката не вклучува начин да се гарантира политичката поддршка на Народната партија на Владата. Според него оставката на Порташ е лична одлука.