Премиерот на Непал му го честиташе на неговиот индиски колега Денот на независноста

Од:

Индискиот премиер Нарендра Моди и неговиот непалски колега К. П. Шарма Оли разговараа денеска, по првпат откако избија дипломатски несогласувања меѓу двете соседи околу спорен дел од територијата на почетокот од годинава.

Оли телефонски го повикал Моди по повод Денот на независноста на Индија и му честиташе на неодамнешниот избор на Индија за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, соопшти индиското Министерство за надворешни работи.

За време на разговорот, Моди се потсетил на цивилизациските и културните врски што ги споделуваат Индија и Непал, додаде Министерството.

Индија денеска ја слави 75-годишнината од својата независност од британското владеење.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Непал ги зголемува таксите за искачување на Монт Еверест

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on