Британскиот премиер Дејвид Камерон за време на својата посета на САД ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама со кој, меѓу другото, ќе разговара и за сирисјскиот конфликт.
За конфликтот со Сирија премиерот Кaмарон во петокот разговараше и со рускиот претседател Владимир Путин.
На денешната средба се очекува Кaмерон и Обама да разговараат и околу подготовките на Самитот на Г-8 што следниот месец ќе се оддржи во Северна Ирска.