Актуелниот американски пратеник за преговорите на шест држави за севернокорејската нуклеарн апрограма, Клифорд Харт е поставен на нова функција.
Харт ќе биде нов генерален конзул на САД во Хонгконг, пренесе „Асошиејтед прес“. На својата досегашна должност Харт беше од јуни 2011 година, но не се знае кој ќе го замени.
Северна Кореја од преговорите за својата нуклеарна програма се повлече 2009 година, а дипломатските напори за обнова на преговорите се попречени од континуирани ракетни и нуклеарни проби на Пјонгјанг. Харт претходно работеше во Кина, Тајван, Русија и Ирак.
Елена Георгиевска