Преговорите за нуклеарната програма меѓу Иран и шесте светски сили во казахстанскиот град Алмати се одложени за утре, јави ДПА.
Денешниот круг од преговорите меѓу Иран и Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД траеја три часа. Иран имаше билатерални разговори со кинеската делегација.
Според извор од иранската делегација, преговорите за денеска завршиле и ќе се обноват утре.
И покрај тоа, претставници од земјите од „шесторката“ изјавиле дека не добиле никакво „официјално соопштение од страна на Иран за обновување на преговорите денеска или утре“.
Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија бараат Иран да ја прекине програмата за збогатување ураниум.