Преговорите на „шесторката“ и Иран во Алмати завршија без видлив напредок

Од:

Преговорите во казахстанскиот град Алмати меѓу земјите од групата пет плус еден (петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации – САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција плус Германија) и Иран посветени на иранската нуклеарна програма завршија со договор контактите да продолжат на експертско ниво во Истанбул, јави БТА.

Денешната средба траеше само еден час, а се очекува шефот на иранската делегација, секретарот на Високиот совет за национална безбедност на Иран Саид Џалили, подоцна да одржи прес-конференција. Планирано е прес-конференција да одржи и високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, која исто така учествува во преговорите. Заедничка прес-конференција на претставниците на „шеторката“ и на Иран не е предвидена.

Техеран, според дипломатски извори, во преговорите не отстапил од сегашната позиција дека никој не може да му забрани на Иран да збогатува ураниум.

Извори од делегацијата на „шесторката“ изјавија дека засега не е познато дали Иран е подготвен да дискутира за својата програма за збогатување ураниум како елемент од евентуалната спогодба.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он