Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не успеа денеска да го убеди Иран да и дозволи да ја обнови истрагата на спорната нукеарна програма на Исламската република.
Заменик-генералниот директор на МААЕ Херман Најарц изјави дека денешните преговори биле интензивни, но на нив не е постигната согласност за структурален пристап, кој е насочен кон определување на можната воена цел на нуклеарната програма на Техеран.
Тој напомена дека дијалогот и напорите за завршување на процесот ќе продолжат. Најарц истакна дека не е одреден конкретен датум за следните разговори.
Иранскиот претставник Али Асгари Солтание изјави дека и двете страни понудиле предлози за време на интензивните технички разговори и оти целта е да се надминат несогласувањата во идните преговори.