Преговори Израел – Хамас, вечерва може да се прогласи прекин на огнот во Газа

Од:

Вечерва може да се прогласи прекин на огнот во Газа доколку Израел и Хамас постигнат договор дотогаш, изјави денес турскиот министер за надворешни работи – Хакан Фидан.

„Доколку денес се постигне консензус, ќе се преговара за прекин на огнот преку медијација. Страните покажаа голема подготвеност да ослободат затвореници и заложници“, рече Фидан, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Според него, разговорите во египетското одморалиште Шарм ел Шеик се фокусираат на четири приоритети, во кои досега е постигнат голем напредок. Тоа се ослободување на израелските заложници и палестинските затвореници, линиите за повлекување на Израелските одбранбени сили (ИДФ), хуманитарната помош и условите за потенцијално прекин на огнот.

Во неделата, Фидан оцени дека секогаш постои можност израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се обиде да го саботира процесот на преговори за воспоставување примирје меѓу Израел и Газа, додавајќи дека пристапот на Хамас во преговорите бил „рационален“.

Високиот функционер на Хамас, Тахер ал-Нуну, претходно денес изјави дека преговарачите од неговата организација и Израел размениле списоци на затвореници и заложници кои ќе бидат ослободени доколку се постигне договор за време на тековните преговори за прекин на огнот во Газа што се водат во Египет.

Би можело да ве интересира

Хамас: Израел го крши прекинот на огнот, целта е да се спречи преминот во втората фаза

Хамас: Висок службеник за внатрешна безбедност е убиен во централна Газа

Хамас: Вооружениот отпор е легитимно право, подготвени сме за техничка администрација во Газа

Военото крило на Хамас се заканува дека ќе му одговори на Израел за убиството на нивниот заменик-командант

Убиен е врховен командант на Хамас

Горан Наумовски

Хамас за прв пат е обвинет за злосторства против човештвото во Газа