Предвремените парламентарни избори во Украина закажани за 21 јули

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски попладнево објави декрет со кој ги закажа предвремените парламентарни избори во Украина за 21 јули.

Распишувањето на изборите следи по денешните консултации на Зеленски со претставници на пратеничките групи во Врховната рада.

По консултациите, советникот на Зеленски, Андриј Богдан, соопшти дека изборите би можеле да се одржат на 21 јули, бидејќи тој датум бил најприфатлив за пратеничките групи.

Зеленски вчера го распишти украинскиот Парламентот, откако претходно положи заклетва за стапување на претседателската функција.

Би можело да ве интересира

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Двајца загинати во рускиот напад на Суми, соопшти Зеленски

А1он

Во 13 украински региони дојави за наводни мини во државните институции

А1он

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО