Предвремени парламентарни избори во Ирак

Од:

Со зголемени мерки за безбедност, Ирачаните излегуваат денеска на парламентарни избори распишани по масовните антивладини протести со барање реформи. Тоа се втори избори откако Ирак прогласи воена победа над милитантната група ИД пред речиси четири години.

Во изборната трка за новиот парламент со вкупно 329 места, ќе се борат 3.249 кандидати што претставуваат 21 коалиција и 109 политички партии.

Гласањето ќе го следат околу 1.800 странски набудувачи, а изборниот процес беше организиран со зголемени безбедносни мерки. Припадниците на ирачките безбедносни сили, Ирачаните во дијаспората и затворениците гласаа во петокот.

Изборите првично беа планирани за 2022 година, но беа распишани порано откако избија масовни антивладини протести во 2019 година поради длабоко вкоренетата корупција и лошите јавни услуги.

Денешните избори се петти по 2003 година и американската инвазија со која беше соборен режимот на поранешниот ирански претседател Садам Хусеин.

Се очекува партиите со мнозинство шиити да останат на власт, како што беше случај по соборувањето на сунитската влада на Садам Хусеин во 2003 година.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак