Предводената од Саудиска Арабија коалиција размислува за хуманитарен прекин на нападите во Јемен

Од:

Предводената од Ријад арапска коалиција, која врши воздушни напади против бунтовници хуси во Јемен, размислува за воведување на примирје, со цел да се обезбеди хуманитарна помош на населението, објави телевизијата „Ал Арабија“.

Саудиска Арабија објави дека почнала консултации со партнерите од коалцијата за прекин на воздушните напади врз определени зони во Јемен, со цел да се дозволи во нив да биде доставена хуманитарна помош.

Телевизијата „Ал Арабија“ ја пренесува изјавата на саудискиот министер за надворешни работи Адел Ахмед ал Џубеир, кој ги предупреди хусите бунтовници да не го користат прекинот на огнот за свои цели.

Масовни воздушни напади денеска беа извршени врз неколку аеродроми во Јемен, додека предводената од Саудиска Арабија воена коалиција продолжува да напаѓа цели на шиитски бунтовници и нивните сојузници.

Над 150 воздушни напади се извршени врз аеродромот во јужниот град Аден. Цел на воздушни напади биле и аеродромоите во Худејда и главниот града Сана.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен