Португалските пилоти се предупредени да бидат посебно внимателни во текот на летото, бидејќи од Шпанија се пуштени 70.000 гулаби кои ќе учествуваат во трка до Португалија, од каде и потекнуваат, пренесува Танјуг.
Португалската Агенција за цивилно воздухопловство го издаде ова предупредување после консултациите со Федерацијата на љубители на голуби на таа земја, кои допатуваа во Валенсија, од каде од камиони се пуштени гулабите.
Според предупредувањето, пилотите треба да бидат посебно внимателни за време на викенд, ако летаат на височина помала од 610 метри.