Одлуката на Советот на министрите на ЕУ објавена пред три дена, според која ЕУ го одлага потпишувањето на, веќе подготвениот, договор за партнерство со Тајланд поради воениот удар од 22 мај ќе има негативни последици по тајландската економија, но штета ќе имаат и државите од Европската Унија.
Оваа порака до Брисел денеска ја упати Федерацијата на тајландската индустрија, значаен чинител во стопанството, но и во политиката на Тајланд.
Преседавачот на Федерацијата на индустријата, Супант Монгколсутре изјави дека и покрај недостиг на формален договор за слободна трговија од повеќе држави на ЕУ има најави за продолжување на стопанската соработка на билатерално ниво.
Тој изјави дека се надева оти Брисел ќе застане на сигналите според кои акцијата за замрзнување на дипломатската и воена соработка ќе остане на ниво на политиката и дека економските релации не ќе се попречуваат.
Европската Унија, по државите од АСЕАН, е втор по големина трговски партнер на Тајланд.