Правна заштита за Хуан Карлос во судските спорови за докажување на татковството

Од:

Шпанската Влада покрена иницијатива за донесување на неколку амандмани, кои треба да обезбедат „правна заштита“ за доскорешниот крал Хуан Карлос во двата судски случаи што се покренати против него за докажување на татковството.

Владата настојува измените да се извршат по забрзана постапка, затоа што Хуан Карлос го загуби имунитетот што го имаше како шпански крал, па сега се соочува со можноста  да биде повикан на сослушување пред било кој основен суд во Шпанија, на кои обично се расправа за вакви случаи.

Во 2012 година Алберто Сола Хименез од шпанската област Каталонија и Ингрид Жани Сатио, која е белгиска државјанка, тврдеа дека се вонбрачни деца на Хуан Карлос и побараа судско докажување на татковството. Пред две години двата случаи пропаднаа, затоа што „обвинетиот“ во тоа време беше шпански крал.

Сега таа пречка не постои, па Владата во Мадрид, за да го одбрани кралот и неговото достоинство, со амандмани сака да обезбеди правна заштита, на тој начин што за случаите против Хуан Карлос може да биде надлежен само Врховниот суд во Шпанија.

Ваквата одредба би се однесувала и за неговата сопруга, сегашната кралица-мајка Софија.

Амандманите ги предлагаат пратеници на владејачката Народна партија на премиерот Маријано Рахој, а владата им дава силна поддршка.

Планирано е амандманите за заштита на доскорешниот крал да се појават во Парламентот во следните неколку недели и да бидат усвоени, затоа што Народната партија има сигурно мнозинство.

Хуан Карлос на 2 јуни ја најави својата абдикација по 39 години како крал на Шпанија. Во четвртокот, неговиот син беше прогласен за новиот шпански крал Филипе Шести.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата