Прајс: Русија е управувана од една личност

Од:

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс синоќа изјавија дека Русија е управувана од една личност и неколку нејзини послушници кои дејствуваат издвоено од јавното мнение во земјата, и дека не се дозволува транспарентна дискусија во јавноста за неуспесите на Москва во нејзината војна во Украина.

– За жал, тоа е систем со кој фактички управува една личност. Индивидуа која не е опкружена со демократски избрани помошници туку со луѓе кои поставиле заштита од јавното мислење и таа заштита се однесува и на луѓето од најтесниот круг во Кремљ, истакна Прајс.

Според него, САД се сведоци на тоа дека руската Влада прави огромни напори да ги ограничи и регресира противниците на војната.

– Во првите денови од војната десетици илјади луѓе беа задржани во мирни протести, на демонстрации во десетици руски градови. Потоа видовме како новинари, заштитници на граѓанското општество и други активисти се апсат за така нареченото злосторство да се каже вистината. Дали кога тоа го опишуваат како војна или е тоа критика за претседателот Путин или критика за Кремљ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Келог: Украина може да се подели како Берлин по Втората светска војна

А1он

Зеленски: На Украина и требаат десет системи Патриот

А1он

Ракетен напад на Днепар, бројот на ранети се зголемува

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија