Познати се жртвите на убиецот од Пенсилванија

Од:

Во престрелката во Пенсилванија, Андре Гордон (26) уби три лица, а обвинителот Алан Шорн потврди дека освен мајката на неговите две деца, жртви биле и маќеата (52) и сестрата (13) на Андре.

„Претходно тоа утро, Андре Гордон упадна во куќа на Њу Порт Лејн во Левертаун каде што ги убил двете жени и девојчето кои живееле во куќа“, Шорн рече на прес-конференција за новинари.

Шорн рече дека имало уште три лица во куќата во моментот на пукањето и тие се сокриле додека Гордон шетал низ куќата и ги барал.

Обвинителот рече дека овие три лица, од кои едно малолетно, успеале да избегнат куршуми бидејќи се криеле.

Да потсетиме, претходно беше потврдено дека една од жртвите на престрелката е мајка на две деца на осомничениот Андреј, Тејлор Даниелс (25).

Гордон моментално е во Трентон каде се забарикадирал во куќа со заложници. Куќата беше опкружена од полиција и екипа на SWAT.

Најмалку три лица загинаа во масовно пукање што се случи во два различни домови во Пенсилванија. ,

По убиствата, Гордон побегнал од местото на настанот со сива „хонда“. Како што се сомневаат истражителите, тој го киднапирал возачот на автомобилот и продолжил да ја вози „хондата“ до Њу Џерси, каде што моментално се наоѓа.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

(ВИДЕО) Тексас: Пукање во средно училиште во Далас, најмалку тројца мртви

Горан Наумовски

Оружен инцидент во средно училиште во Далас, ранет е ученик во нога

Горан Наумовски