Познат идеолог на џихадот ја повика „Исламската држава“ да го ослободи британскиот заложник

Од:

Познат идеолог на џихадот ја повика групата „Исламска држава“ да го ослободи британскиот хуманитарен работник Алан Хенинг и изјави дека исламот забранува да им се наштетува на немуслимани кои работат со хуманитарни агенции.

Абу Мохамуд ал Макдиси, кој беше ослободен во Јордан откако отслужи петгодишна затворска казна под обвинение за тероризам, на неговата Интернет страница и на познат екстремистички форум објави соопштение во кое вели дека немуслиманите кои им помагаат на сиромашните и слаби муслимани треба да бидат почитувани и заштитени.

Ал Макдиси, или Есам ал Баркауи, бил ментор и на лидерот на Ал Каеда во Ирак, Абу Мусаб ал Заркави, кој беше убиен при американски воздушен напад во 2006 година.

Групата „Исламска држава“ веќе обезглави двајца американски новинари и британски хуманитарен работник. Таа се заканува дека ќе го убие и Хенинг како одмазда за американските и европските воени акции против неа.

Би можело да ве интересира

Уапсено уште едно лице за планирање џихадистички напад во Париз, кон крајот на 2021 година

А1он

Исламски џихад влегува во војна со Израел по убиството на воениот командант Абу ел-Ата

Ана Ололовска

Стотици џихадисти подготвени за напади во Европа

Емир Латифовиќ

Исповед на еден џихадист-покајник

Емир Латифовиќ

Меѓународна конференција за борба против феноменот на странски џихадисти

Емир Латифовиќ

Договорена соработка меѓу држави од Централна и ЈИЕ во борбата со џихадистите

Емир Латифовиќ