Позитивни и прагматични разговорите на високи претставници на САД и Русија

Од:

Разговорите на високи претставници на САД и Русија во Вашингтон беа  позитивни и прагматични, изјави неименуван извор на американската администрација.

Министрите за одбрана на двете држави Чак Хејгел и Сергеј Лавров разговараа еден час во петокот што беше нивна прва средба.

– Се договорија да продолжат воените вежби на двете армии, како и да се воведе директна врска со видео линк за да бидат во постојан контакт, додал изворот.

Функционер од администрацијата на САД запознат со разговорите, изјави дека државниот секретар Џон Кери изразил разочарување со одлуката на Русија да одобри азил за Едвард Сноуден, но за тоа не станало многу збор бидејќи двете страни сметаат тоа прашање да им се препушти на надлежните правосудни и полициски органи.

Медиумите претходно најавија дека ќе стане збор и за сириската криза и нуклеарната програма на Иран. Кери и Хејгел беа домаќини на колегите од Русија Лавров и Шојгу за разговори и прашања за безбедноста во формат два-плус-два.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани