Пожарот, кој веќе една недела беснее во американската сојузна држава Калифорија, зафати површина од над 400 квадратни километри и огнот навлезе на територијата на Националниот парк Јосемити, соопштија локалните власти.
Огнот зафати 44 квадратни километри од Националниот парк.
Претставник на паркот изјави дека во моментов во опожарениот регион не би требало да има туристи и додаде дека се затворени уште неколку зони во Јосемити.
Пожарот уништи четири куќи и 12 деловни објекти, а огнот претставува закана за 4.500 домови.
Во гаснењето на пожарот учествуваат над две илјади лица.