Пожарот во етиопскиот авион на лондонскиот аеродром најверојатно не е од акумулаторите

Од:

Првите сознанија од истрагата што се води по запалувањето на етиопскиот авион „Боинг-787““ Дримлајнер, на лондонскиот аеродром Хитроу, покажуваат дека пожарот, по се изгледа, не бил предизвикан од акумулаторите на леталото.

Минатиот петок, додека авионот на компанијата „Етиопијан“ стоеше паркиран на една одалечена локација на аеродромот, од него почна да излегува чад.

Запалувањето на авионот, предизвика двете писти на Хитроу да бидат затворени за сообраќај околу 90 минути, од безбедносни причини.

Брзата интервенција на аеродомската противпожарна служба, не дозволи развивање на огнот, но истрагата што веднаш беше отворена, се уште не може со сигурност да каже која е причината за запалување на празниот авион, во кој немало екипаж и патници и не биле вклучени моторите, или било која негова инсталација.

Првиот впечаток беше дека причината се акумулаторите на авионот, затоа што на почетокот од оваа година тие предизвика сите авиони од овој тип во светот, да бидат приземјени, се додека „Боинг“ не изврши модификација на лежиштето каде се поставуваат акумулаторите во авионот.

После три месеци работа и испитување, во април беа обновени летовите со овие авиони, па ова е првиот нов инцидент со „Дримлајнерот“. Авионски експерти велат дека акумулаторите не се вклучени кога авионот лета, туку само кога е на земја, за работа на соприачките и за светло.

Претставник на компанијата „Етиопијан“ која има четири вакви авиони во својата флота, изјави дека најновиот Боинг нема да биде приземјен за нова истрага.

– Запалувањето се случи на земја, а тоа значи дека нема загрозување на безбедноста во летањето, изјави овој претставник.

Во флотите на повеќе земји, се наоѓаат 50 вакви авиони. „Дримлајнерот“ во комерцијална употреба е од 2011 година и тој се нуди како тивок и штедлив со гориво авион, за средни дестинации.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот