Пожарникар во Шпанија подметнуваше пожари, дрон го сними на дело

Од:

Шпанската полиција уапси поранешен шпански пожарникар под сомнение дека подметнал пет до шест пожари на островот Мајорка. Пожарникарот, 61-годишниот Франциско Б., е уапсен, пишува шпанскиот портал Ултима Хора.

Пожарникар е уапсен во полициска акција за фаќање на пироман кој неодамна подметна пожар во Мајорка. Во понеделникот попладне на бројот 112 пристигна дојава за нов пожар кој избувнал во општината Каимари. На местото на настанот веднаш се испратени надлежните екипи за итна помош.

Поради близината на пламените јазици до некои куќи, локалната полиција на Селва и припадниците на Цивилната гарда помогнаа да се евакуираат жителите од неколку куќи.

Уапсениот пожарникар не знаел дека претставници на Цивилната гарда го набљудуваат одозгора благодарение на дрон. Пожарникарот бил фатен на дело во алкохолизирана состојба и со себе имал неколку запалки, кремен, бензин и хартија.

Општините Селва и Каимари во последниот месец регистрирале седум шумски пожари и пожари на земјоделско земјиште во нивното подрачје. Жителите живееле во страв бидејќи уште од почетокот знаеле дека пожарите се подметнати.

15 дена траела операцијата за фаќање на Франциско Б. Секој пожар го пријавувал, а полицијата веќе се посомневала откако го испрашала за пожарите. Сфатиле дека нешто не е во ред бидејќи 61-годишникот секогаш бил тој што ги предупредувал безбедносните служби за нов пожар.

Во понеделникот дрон успеа да го сними моментот кога пироман запали фарма и се обиде да побегне со мотор. Пријавениот долго време работел како припадник на Ибанатската бригада како пожарникар, а откако бил отпуштен, работел во градежништво.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Горан Наумовски

Противпожарните екипи се борат со неколку пожари на Лонг Ајленд

ЦУК: Пожар во куќа кај катлоновско Блаце

(ВИДЕО) Голем пожар над Сараево, пожарникарите се борат да го спречат ширењето на пожарот

Спречен поголем пожар во пехчевски „Суви Дол“

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски