Пожарите во Австралија уништија половина од островот Фрејзер

Од:

Речиси половина од територијата на австралискиот остров Фрејзер, кој е на списокот на светско наследство на УНЕСКО, е зафатена со шумски пожари. Најавена е и евакуација на локалното одморалиште, пренесува „Бризбејн Тајмс“.

Пожарите започнаа кон крајот на октомври, предизвикани од оган запален во нелегално изграден туристички камп.

Шефот на локалната служба за итни случаи Џејмс Хејг изјави дека пожарот зафатил површина од 76.000 хектари, што е околу 40 отсто од територијата на островот, кој е најголемиот остров со песок во светот.

Сите гости во одморалиштето Кингфишер Беј, кое е на околу пет километри од огнената линија, беа евакуирани.

Комесарот за пожар во Квинсленд, Грег Лич изјави дека е донесена одлука за ограничување на пристапот до островот за влез на посетители.

Се очекува стихијата да трае уште неколку недели.

Бирото за метеорологија предвидува дека топлотниот бран што го зафати Квинсленд ќе се влоши во наредните денови.

Островот Фрејзер е впишан на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1992 година како единствен споменик на природата.

Би можело да ве интересира

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

А1он