Три хеликоптери и над 100 пожарникари учествуваат во гаснење пожар што зафати трговски центар во Москва.
Според московски медиуми, трите хеликоптери веќе исфрлиле над 75 тони вода за 15 летови.
Од трговскиот центар Синдика веќе се евакуирани над 3.000 луѓе. Властите соопштија дека нема жртви.