Четиринаесет лица денеска беа евакуирани од центарот за сместување бегалци во западна Шведска заради пожар, пренесе ДПА, повикувајќи се на полицијата.
Никој не е настрадан. Пожарот избувнал во општината Мункедал, на западното крајбрежје на Шведска. Пожарот бил пријавен во раните утрински часови.
Причината за пожарот се уште е непозната, но полицијата го изолирала местото и настанот го истражува како намерен пожар.