ВИДЕО: Пожар во катедралата во Нант

Од:

Пожар избувна утрово во катедралата во градот Нант, западна Франција. Пожарот не е под контрола, беснее во целосна сила, соопшти противпожарната служба, која добила сигнал во 7.44 часот.

Видеата прикажуваат густ црн чад како излегува од скршен стаклен прозорец на катедралата, изграден помеѓу 15 и 16 век.
Пожарот избувнал во готската зграда, а пожарникарите биле повикани набргу после 7.30 часот. Екипа од 70 пожарникари е испратена на местото на настанот.

„Пожарот сè уште не е под контрола и ние работиме на гаснење“, соопшти пожарникарската служба.

Катедралата Свети Петар и Свети Павле во Нант беше зафатена со пожар во 1972 година. Тогаш беше оштетен дел од покривот, а пожарникарите го локализираа пожарот по пет часа.

Пожар избувна во катедралата Нотр Дам во Париз на 15 април минатата година, а многу медиуми денеска го споредуваат пожарот на катедралата Нант со огнот што уништи и оштети дел од Нотр Дам.

Катедралата Свети Петар и Павле во Нант е една од најголемите готски катедрали во Франција. Нејзината изградба започнала во 1434 година и траела 457 години – до 1891 година.

Би можело да ве интересира

Сакале да крадат од зградата која гореше во Чаир, приведени двајца

Изгаснат е пожарот во зградата во Чаир, ќе се утврдува состојбата на објектот

Катерина Ѓуровски

Пожарот во зградата во Чаир уште е активен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 40 станари, меѓу нив и деца се затруле со чад во опожарената зграда во Чаир

ВИДЕО: Пожарникар пренесен на Токсиколигија, вдишал чад при гаснењето во Чаир

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски