Пожар избувна рано изутринава во центар за сместување на лица кои аплицирале за азили во Шведска во градот Содерхамн, поради што од објектот биле евакуирани околу 60 лица.
Како шѕо јави ДПА, пожарот во еднокатниот центар во Сидерхамн, кој се наоѓа северно од Стокхолм, избувнал околу 4 часот од засега непознати причини.
Во тек е полициска истрага за утвдрување на причините за несреќата, при што не е исклучлена можноста за намерно подметнување на пожарот.
Директорот на Центарот, Ерик Першон изјајави дека мигрантите, кои беа сместени во објектот, времено ќе бидат префрелени во други згради, нагласувајќи дека некои од нив се „многу вознемирени“ затоа што во огнот им изгореле документите за идентификација и многу лични предмети.