Пожар предизвика евакуација на 1.400 лица во Шпанија

Од:

Околу 1.400 лица се евакуирани во текот на ноќта поради пожарот кој избувна во шпанскиот регион Естремадура, соопштија локалните власти.

Утрово во девет часот во локално време огнот се уште не беше совладан, а интеревенцијата на пожарникарите беше отежната од силните налети на ветрот. Авионите за гаснење на пожарот интервенираа во текот на утрото, пренесува, Фена.

Жариштето се појави во четврток околу пладне во оваа комуна во планинската област.

Спасувачите евакуираа 1.400 жители кои беа под закана од пожарот, како и еден камп. Црвениот крст ја презеде грижата за 700 луѓе.

Министерството за земјоделство предупреди дека денеска е зголемен ризикот на пожари. Шумските пожари од почетокот на годината во Шпанија уништија повеќе од 54 илјади хектари земјиште,што е повеќе од двојно во последните две години.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата