Пареа започна да се крева над еден реактор во оштетената јапонска нуклеарна целтрала „Фукушима“, соопшти денес токиската електродистрибуција „ТЕПКО“.
Причината се уште не е позната, но експерти од компанијата тврдат дека тоа може да биде испарување од насобраните дождови, но дека не е опасно.
Тие се уште не може да објаснат зошто од јули годинава привремено се појавува пареа.
„ТЕПКО“ тврди дека атомската централа е стабилна и дека сензорите во објектите и во околината не покажуваат зголемено ниво на радијација.
Елена Георгиевска