Во Јапонија денеска повторно имаше лажна тревога за истрелување на балистичка ракета од Северна Кореја.
Јапонското Министерство за транспорт објасни дека грешката била направена од Центарот за контрола на воздушниот сообраќај во јужниот град Фукуока.
Администрацијата на префектурата Канагава вчера исто така преку социјалната мрежа Твитер објави неточна информација за истрелана севернокорејска ракета.
Предупредувањето беше отфрлено по 20 минути.
Според последните информации, на источниот брег на Северна Кореја се распоредени над 10 ракети од различен вид. Меѓу нив има и најмалку две мобилни ракети „Мусудан“, кои теоретски можат да уништат цели на територија на Јапонија и на островот Гуам, кој им припаѓа на САД.