Повредени повеќе од десет украински туристи во судар на автобус и камион во Италија

Од:

Десет лица се полесно повредени, а три потешко во тешка автобуска несреќа на автопатот А4 во северна Италија, соопштија пожарникарите, додавајќи дека повеќето од нив се туристи од Украина. Несреќата се случила синоќа откако автобус се судрил со камион. Во автобусот главно се превезувале украински туристи, меѓу кои и неколку деца, јавија италијанските медиуми.

Според првичните информации, автобусот удрил во задниот дел на камион на автопатот А4 кон Трст, меѓу Латисана и Сан Џорго ди Ногаро, во северниот италијански регион Фриули-Венеција Џулија.

На местото на несреќата се испратени десет противпожарни единици за да ги извлечат патниците од автобусот. Два хеликоптери беа во подготвеност за транспорт на повредените во болница, а вклучена е и цивилната одбрана.

Би можело да ве интересира

Ќерка на поранешен албански министер загина во Македонија

Во верижна сообраќајка кај Крагуевац: Загина возач, осуммина повредени

Горан Наумовски

Земјотрес ја потресе централна Италија

Страшна сообраќајка близу обиколница: Загина жена, шестмина повредени во судир на минибус и „голф“

Орце Костов

Детали за сообраќајката на магистралниот пат Градско-Прилеп

Баножиќ е осомничен за предизвикување сообраќајна незгода во патниот сообраќај