Повлекувањето од Авганистан е грешка, вели Џорџ В. Буш, кој ја нареди инвазијата пред 20 години

Од:

Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш го критикуваше повлекувањето на САД и НАТО од Авганистан, нагласувајќи дека цивилите се оставени да бидат „немилосрдно убиени“ од талибанците.

– Авганистанските жени и девојчиња неописливо ќе страдаат. Ова е грешка … Тие едноставно ќе бидат напуштени да бидат немилосрдно убиени од овие многу брутални луѓе и тоа ми го крши срцето, изјави Буш за германската телевизија Дојче веле.

Тој додаде дека верува оти германската канцеларка Ангела Меркел „се чувствува исто“.

Силите на САД и НАТО почнаа да се повлекуваат од Авганистан на почетокот на мај и тие мора да бидат целосно повлечени до 11 септември, речиси 20 години по американската инвазија на земјата.

Повеќето од 2.500 американски и 7.500 војници на НАТО веќе заминаа од Авганистан.

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата