Повлечени обвиненијата против Пол Кертис, осомничен дека во САД испратил писма со отровот рицин

Од:

Федералната влада на САД ги повлече обвиненијата против Пол Кевин Кертис, од државата Мисисипи, кој беше осомничен дека испратил писма со отровот рицин до претседателот Барак Обама и американскиот сенатор Роџер Викер, пренесе ДПА.

Според адвокатот на Кертис, цитиран од Си-Ен-Ен, тоа се случило откако властите добиле „нова информација“.

Четириесет и петгодишниот, Пол Кевин Кертис, кој беше обвинет за испраќање на писмата што соддржеа закани „дека ќе го одземе животот или физички ќе го повреди“ претседателот, вчера е пуштен на слобода под гаранција.

Тој кажа дека го почитува Барак Обама и дека никогаш не би се обидел да му наштети. Според адвокатот на Кертис, тој е набеден. Кертис беше уапсен минатата среда во државата Мисисипи два дена откако писмото до републиканскио сенатор Роџер Викер, позитивно реагираше на отровот рицин. Подоцна беше откриено слично писмо и до претседателот Обама.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа