Повик до Бајден да ги прекине сите проекти поврзани со нафта

Од:

Стотици демонстранти протестираа пред Белата куќа, барајќи од претседателот Џо Бајден да престане да одобрува проекти за обработка на фосилни горива.

Демонстрантите, меѓу кои има и американски староседелци, бараат климатската криза да биде прогласена за национална вонредна состојба.

Собирите се дел од протестот „Луѓето против фосилни горива“, организиран од коалициска група позната како „Bild back fossil free“, која ја повикува администрацијата на Бајден да преземе дополнителни мерки за намалување на проектите во областа на фосилните горива кои придонесуваат за производство на јаглерод диоксид.

Протестите не беа насилни, но полицијата користеше акустична направа со долг дострел, која емитува продорен звук, судејќи според видеата снимени од демонстрантите.

Употребата на тој уред, кој наводно се користи за контрола при масовни настани, предизвика многу критики на социјалните мрежи.

Проектот за нафтоводот „Лајн 3“ се соочи со бројни протести, а полицијата уапси над 900 демонстранти кои се против проектот од почетокот на градежните работи.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски