Повеќемина загинати и ранети во судири на авганистанско-пакистанската граница

Од:

Седум лица загинаа, а 27 се повредени во денешните судири на авганистанско-пакистанската граница. Во судирите загинаа шест пакистански цивили, а 17 се ранети.

На другата страна, еден авганистански војник загина при прекугранично гранатирање и пукање, а десет лица беа повредени, од кои тројца цивили.

Пакистан соопшти дека авганистанските гранични сили, иако не биле испровоцирани, отвориле оган врз цивилното население на граничниот премин Чаман, кој ги поврзува западната пакистанска провинција Балучистан и јужната авганистанска провинција Кандахар, користејќи „тешко оружје, вклучително и артилерија и минофрлачи“.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф рече дека убиствата на цивили „заслужуваат најостра осуда“ и додаде дека „привремената авганистанска влада мора да се погрижи такви инциденти да не се повторат“.

Портпаролот на гувернерот на провинцијата Кандахар во Авганистан, Хафиз Сабер, пак, тврди дека конфликтот почнал кога пакистанските сили се обиделе да спречат изградба на нов контролен пункт на авганистанската страна на границата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски