Повеќе од половината од пилотите заспиваат за време на летот

Од:

Повеќе од половината од пилотите заспиваат за време на летот во пилотските кабини, покажува истражувањето што го направи синдикатот на британските комерцијални пилоти.

Дури 56 отсто од анкетираните пилоти изјавиле дека заспале додека управувале со авионот, а дрги 29 отсто признаваат дека кога се разбудиле откриле дека спие и вториот пилот.

Истражувањето е спроведено откако е откриено дека на 13 август двајцата пилоти на  британски патнички авион, од типот „Ербас“ биле фатени како спијат во пилотската кабина за време на летот.

Синдикатот на пилотите води кампања против предложените измени на прописите кои ја регулираат работата и бројот на работните часови на комерцијалните пилоти.

Со предложената измена,за која во понеделник треба да гласа европскиот Парламент,се предлага продолжување на работата и зголемување на часовите летање. Британската управа за цивилни летови ги поддржува предложените измени,објаснувајќи дека инцидентот со двајцата заспани пилоти, е „излолиран случај“.

Истражувањњто на синдикатот,меѓутоа,открива дека пилотите и со сегашниот распоред на нивните работни часови се многу често преморени.Вкупно 43 отсто од пилотите сметаат дека нивните можности на издржливост „барем еднаш во месецот“ се надминуваат,па тие се преморени,а 49 отсто предупредуваат дека измореноста на пилотите е најголемата закана за безбедноста во летањето.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

Несреќа во Франција: Се урнаа два борбени авиони

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Летовите од аеродромот во Братислава се прекинати поради предупредување за бомба