Повеќе од половина Романци се уште жалат за комунизмот

Од:

Повеќе од половина Романци сметаат дека за време на Николае Чаушеску животот им бил многу подобар од денес, покажува истражувањето на инстутот ИНСКОП, објавено во весникот „Адервул“.

Анкетата, остварена од 30 август до 4 септември, мери основни параметри на демократијата како слободата на говорот, социјалната правда, животниот стандард, организацијата на трудот и независноста на правосудството.

Според анкетата, 81,6 проценти од Романците сметаат дека по 25 години демократија во Романија има повеќе слобода отколку пред 1989 година, а 13,9 проценти не се согласни со тоа.

На прашањето дали по 25 години демократија можат да кажат дека во земјата има повеќе правда отколку пред 1989 година, 68 проценти од анкетираните одговориле негативно.

Само 22,5 проценти од Романците сметаат дека сега има повеќе социјална правда отколку за времето на Чаушеску. 60,5 проценти од анкетираните сметаат дека сега животниот стандард е полош отколку пред антикомунистичката револуција, а 31,4 отсто сметаат спротивно.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски