Повеќе од илјада луѓе се убиени во мај во бран насилства во Ирак, соопштија ОН.
Во мај се убиени 1.045 луѓе и 2.397 се ранети во напади ширум државата. Тоа според ОН е највисока цифра во изминатите пет години.
Насилствата се поврзани со раст на тензиите меѓу шиитското мнозинство и сунитскското малцинство.
Поттикнати од сунитскиот бунт во соседна Сирија и ирачките сунити, локалното крило на Ал Каеда и други сунитски оружени групи стануваат се повлијателни и враќаат терен загубен по борбите со американските сили.