Повеќе од илјада новозаразени од Ковид-19 во Шведска

Од:

Во Шведска трет ден по ред е регистрирано големо зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот, кое изнесува 1.056, соопшти Шведската агенција за јавно здравје.

Шефот на Агенцијата, Андрес Тегнел на прес-конференција изјави дека дошло до зголемување на случаи најмногу во западниот дел на Шведска и меѓу помладата популација.

Со денешниот број од 1.056 новозаразени, вкупниот број на случаи на коронавирус во земјата изнесува 43.939.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 4.639, затоа што денеска се пријавени 77 смртни случаи, од кои не починале сите во изминатите 24 часа, туку и порано, со оглед на доцнење на податоците од локалните подрачја.

Стапката на смртност е многу помала во однос на врвот на епидемијата на крајот на април.

Шведскиот пристап кон коронавирусот е опишан како „лесен допир“, затоа што за време на пандемијата продавниците, спортските сали и рестораните останаа отворени, а од јавноста беше само побарано да ги избегнува сите непотребни патувања.

Би можело да ве интересира

Наставник ги казни учениците, им залепи лента на устите

А1он

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски