Повеќе од 5.000 лица се собраа денес на почетокот на протестот на опозицијата, на кој ќе се побара ослободување на уапсените демонстранти во антивладините собири пред година дена.
Демонстрантите од сите страни на Русија, се собраа на централниот московски плоштад Калуга, на протест насловен „Марш за ваша и наша слобода“.
Организаторите на собирот очекуваат околу 30.000 ученици на денешниот протест.
Луѓето носат транспаренти на кои пишува „Слобода за затворените од 6-ти мај“, „Путин е срам за Русија“ и слично.
Главниот противник на рускиот претседател Алексеј Навални, кому му се суди за измама, учествува во протестот, како и лидерите на движењето Солидарност и Парнас, Илја Јашин и Михаил Касјанов.
Насобраните ќе прошетаат до плоштадот Болотна, каде што на 6-ти мај 2012 година се одржаа демонстрации по повод инагурацијата на Путин.
Во тие протести беа повредени десетина демонстранти и 30 полицајци. До сега е покренато обвинение против 30 учесници во протестот, а минатата недела започна судењето на 12 од нив.
Елена Георгиевска