Од почетокот на офанзивата предводена од САД за ослободување на Мосул од Исламска држава загинаа повеќе од 3.000 цивили.
Мосул беше заземен од ИД пред две години, а офанзивата за ослободување на градот трае повеќе од еден месец.
Неименуван претставник на цивилната заштита на Мосул истакна дека се претпоставуа дека под урнатините на станбените квартови во западниот дел на градот се наоѓаат околи 2.070 тела.
– Телата не можат да бидат земени поради присуство на снајперисти на ИД, посочи неименуваниот извор, пренесува Танјуг.
Тој додаде дека во бројот на жртвите се и убиените при воздушните напади извршени во последните три дена од ирачките и сојузничките авиони врз реони што се под контрола на џихадистите во Стариот град во западниот дел на Мосул.
Ирачките сили почнаа офанзива за ослободување на западниот дел на Мосул на 19 февруари откако ги протераа припадниците на ИД од источниот дел на градот.