Повеќе од 29 илјади мигранти загинале на пат кон Европа од 2014 година

Од:

Повеќе од 29 илјади мигранти загинале обидувајќи се да стигнат до Европа од 2014 година, а пет илјади исчезнале само изминатите две години, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Агенцијата на ОН во денешниот извештај предупредува на „зголемен број смртни случаи на рутите во Средоземното Море и на копнените граници кон Европа и во рамките на континентот“.

Според извештајот, најсмртоносната миграциска рута останува централниот дел на Средоземното Море каде од јануари 2021 година загинале 2.836 мигранти и бегалци. Тие се обидуваа да стигнат до Италија или Малта, а преку морето тргнуваа најчесто од Либија и од Тунис.

Втората според бројот смртни случаи е рутата преку Атлантскиот Океан од Западна Африка до шпанските Канарски Острови, каде од 2021 година се регистрирани повеќе од 1.500 загинати.

Истражувачите признаваат дека бројот смртни случаи е веројатно поголем од наведеното.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски