Повеќе од 200 обвинети за насилствата во Вашингтон, за уште 400 се води истрага

Од:

Федералното судство на САД обвини повеќе од 150 лица за вмешаност во насилствата во Капитолот во Вашингтон на 6 јануари. Уште 50 лица се обвинети пред локалните судови во главниот град на САД, изјави федералниот обвинител Мајкл Шервин.

Како што пренесуваат странските агенции, се очекува овие бројки да се зголемат затоа што истражителите сè уште, имаат информации за околу 400 учесници во инцидентот, кој се нарекува и обид за државен удар, бидејќи целта била напад на приврзаниците на сега веќе поранешниот американски претседател Доналд Трамп врз американскиот Парламент за да се спречи потврдата за избор на новиот шеф на државата Џо Бајден.

Пет лица ги загубија своите животи за време на нападот на американскиот Конгрес, меѓу кои и еден полицаец убиен од демонстранти и една жена демонстрантка која беше убиена од полицаец.

Трамп со недели го негираше својот пораз на претседателските избори во ноември, и покрај сите докази, претставувајќи се себеси како жртва на масовна „измама“. Непосредно пред нападот на Конгресот на САД, тој им се обрати на своите приврзаници, барајќи од нив да ја покажат својата „сила“, а наскоро имаше крвави немири.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе отпушти агенти на ФБИ кои ја водена истрагата во Капитол во 2021 година

Полицијата пред Капитол уапси маж кој носел Молотов коктел и нож

Трамп ја помилува за нападот во Капитол, таа го одби: Погрешивме

Трамп ќе ги помилува осудениците кои упаднаа во Капитол во јануари 2021 година

Водачот на нападот на Капитол Хил во 2021 година беше осуден на повеќе од седум години затвор

Бигс е осуден на 17 години затвор поради раководење на нападот на американскиот Капитол

Горан Наумовски