Повеќе од 20 луѓе се повредени откако Ербас А320 на јужнокорејската компанија Азијана ерлајнс излета од пистата во западна Јапонија.
Инцидентот се случил откако авион на лет од Инчон се обидел да слета на аеродромот во Хирошима.
– Според досегашните сознанија нема сериозно повредени патници во инцидентот, изјави претставник на локалната противпожарна служба. Сите патници и осумте членови на екипажот го напуштиле авионот по инцидентот низ излезите за вонредни ситуации, јавија локални медиуми.