Повеќе од 20.000 исчезнати во Мексико

Од:

Граѓанските организации во Мексико објавија официјален податок дека во оваа земја исчезнале повеќе од 20.000 луѓе во изминатите шест години.

На сајтот на организацијата „Граѓански предлог“ се наведува дека 20.851 лице исчезнале за време на владата на поранешниот претседател Фелипе Калдерон, кој започна силна борба против моќните нарко-картели во оваа држава.

Имено, ако што вчера соопшти оваа организација, станува збор за официјални податоци на федералниот јавен обвинител, од чија канцеларија во меѓувреме е соопштено дека немаат сознанија за постоење на таков документ.

Меѓу исчезнатите се полицајци, студенти, бизнисмени и повеќе од 1.200 деца, помлади од 11 години.

Во периодот меѓу 2006 и 2012 година поранешниот шеф на државата Калдерон започна кампања против организираниот криминал, со распоредување на огромен број војници во цела земја.

 

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба