Повеќе од 15.000 деца загинаа во израелските напади врз Газа

Од:

Палестинската Црвена полумесечина денеска соопшти дека повеќе од 15.000 деца се убиени од почетокот на израелската војна во Појасот Газа во октомври минатата година.

Во исто време, ОН објавија дека најмалку 600.000 Палестинци побегнале од Рафах во јужниот дел на Газа од почетокот на израелската копнена офанзива во овој град.

Израелската армија мобилизираше повеќе војници за да ги прошири борбите во областа, а претходно денеска во израелски напади загинаа четворица членови на палестинско семејство, пренесува Ал Џезира.

Армијата, исто така, фрли летоци во западните области на Рафах, барајќи од Палестинците да помогнат во потрагата по израелските затвореници.

Светската програма за храна на ОН денеска објави дека залихите исчезнале во јужниот дел на градот Рафах, а дека дистрибуцијата е прекината на 11 мај поради затворањето на граничниот премин Рафах со Египет и ограничениот влез на залихи преку Керем Шалом премин од Израел во Газа.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа