Околу 100 затвореници вчера избегаа од затвор кај Порт О Пренс, по избивање на немири во зградата, соопштија властите на Хаити.
-Тоа е спектакуларно бегство. Стотина затвореници во недела побегнаа од затворот- изјави неименувано официјално лице од владата.
Жителите кои живеат во близина на затворот, кој важи за еден од најдобро обезбедени во државата, наведуваат дека затворениците трчале на сите страни по немирот во зградата, од која се слушала и пукотница.
Меѓу затворениците имало и осуденици за шверц на дрога и киднапери, а не се наведува дали има жртви и повредени во судирот. Полицијата наведе дека од затворот побегнал и влијателен бизнисмен, кој бил осуден за грабнување на Клифорд Брент. Инаку пред бегството во затворот, кој што е изграден со помош на донации од Канада, имало околу 900 затвореници.
Е. Г.